речник контакт

2006-та - година на АДСЛ?

Првите луѓе на телекомуникациската компанија очекуваат идната година да има 25.000 АДСЛ-претплатници...

Никола Солев

Првите луѓе на телекомуникациската компанија очекуваат идната година да има 25.000 АДСЛ-претплатници, бројка која не е за занемарување и првично изгледа тешко достижна ако се има предвид сегашната цена на брзиот Интернет и ограничувањата на податоците кои можат да се даунлодираат. Како оваа цифра од 25.000 корисници на брз Интернет ќе се оствари засега останува енигма иако се претпоставува дека овој таргет, по се изгледа, ќе биде лесно остварлив единствено доколку цената на АДСЛ биде преполовена. Ова го потврдуваат и нашите извори од Одборот на директори, кои се категорични дека само со агресивна деловна стратегија и со драстично намалување на чинењето на оваа услуга можат да се достигнат зацртаните цели, со што ќе се зголеми пенетрацијата на брз Интернет во државава, а Македонија ќе се искачи погоре на листата на земји во Европа во користењето на АДСЛ. Процените се дека доколку нашата земја ја спроведе неодамна донесената Национална стратегија за информатичко општество и доколку агресивно се воведе широкопојасниот брз Интернет, тогаш многу е реално дека за помалку од пет години Македонија да го достигне нивото на развој на некои од европските земји. Буковалов објаснува дека Естонија, која стана членка на ЕУ, е земја-пример која со агресивно воведување на информатичкото општество успеа да направи квантен скок во развојот на економијата. Извор: [url=jovansblog.dobroutro.com/?p=741]Блогот на Јован[/url]

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »